(ВИДЕО) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Од:

Конгресменката на САД, Илхан Омар, беше испрскана со непозната течност за време на јавно сослушување во Минеаполис. Полицијата соопшти дека маж од публиката ja испрскал Омар течност која била во шприц. Напаѓачот бил веднаш е уапсен, објави Би-Би-Си.

Полицијата додаде дека на местото на настанот се спроведува форензичко испитување. Видео снимките од инцидентот го покажуваат обезбедувањето како вика „направете пат“ додека го придружуваат мажот од салата. Додека го изнесуваа надвор од салата, напаѓачот извика дека Омар „ги врти еден против друг“.

„Мислев дека еден од нејзините помошници доаѓа до неа за да ѝ даде порака или нешто слично“, рече Жаклин Гослинг за напаѓачот.

Таа додаде дека силен мирис на течноста го исполнил предниот дел од просторијата. Репортер на Би-Би-Си во салата објави дека течноста имала кисел мирис, сличен на хемиски производ.

Омар по инцидентот се огласи на социјалните мрежи и рече: „Добро сум. Преживеав и овој мал провокатор нема да ме заплаши да си ја работам работата. Нема да дозволам насилниците да победат“, рече таа.

Се обрати на толпата велејќи: „Одиме напред…ние сме силни како Минесота“.

И покрај тоа што официјалните лица ја повикаа да го заврши говорот, таа инсистираше да продолжи.

„Ќе го продолжиме разговорот. Само дајте ми десет минути. Ве молам, не дозволувајте да преземат“, рече таа од сцената.

Еден од присутните, Алфред Флауерс Џуниор, изјави за Би-Би-Си дека „ја почитува нејзината храброст и сила да остане и да го заврши говорот за народот“.

Говорот, на кој присуствуваа околу 100 луѓе, беше организиран за да го одрази зголеменото присуство на федералните службеници за имиграција во градот. Тензиите се зголемија откако службениците за имиграција смртно застрелаа американски граѓани во два одделни инциденти овој месец. Рене Гуд беше убиена во јануари, а Алекс Прети минатата недела, што предизвика локални протести.

Нападот се случи веднаш откако Омар повика на „укинување“ на Службата за имиграција и царина (ICE) и побара од секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем „да поднесе оставка или да се соочи со импичмент“.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, го осуди инцидентот.

„Насилството и заплашувањето немаат место во Минеаполис. Можеме да не се согласуваме без да ги загрозиме луѓето… Овој вид однесување нема да се толерира во нашиот град“, рече тој.

Многумина во областа веруваат дека зголемената контрола на имиграцијата е одговор на непријателството на претседателот Доналд Трамп кон Омар, кого го нарече „радикален левичарски лудак“.

Трамп во вторникот изјави како одговор на втората смртоносна пукотница дека неговата администрација „малку ќе ги смири работите“ во Минесота. Илхан Омар стана првата сомалиско-американка, првата родена во Африка и една од првите две муслиманки во Конгресот на САД во 2019 година.

Трамп остро ја критикуваше демократската претставничка Омар на своите социјални медиуми „Вистина“ пред два дена.

– Министерството за правда и Конгресот ја истражуваат „конгресменката“ Илхан Омар, која ја напушти Сомалија БЕЗ НИШТО и сега наводно вреди над 44 милиони долари. Времето ќе покаже. Ви благодарам за вашето внимание, порача Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шефот на граничната полиција го напушта Минеаполис, доаѓа „граничниот цар“

Волц го повика Трамп да ги повлече агентите на ICE од Минеаполис

Клинтон: Ако се откажеме од нашaтa слободa после 250 години, можеби никогаш нема да ја вратиме

Горан Наумовски

Хаос во Минеаполис – демонстрантите ги блокираа улиците со контејнери, полицијата испука солзавец

А1он

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби против демонстрантите во Минеаполис