„Марш за ангелите“: Поддршка за тужените што го демолираа кафулето на сопственикот на „Пулс“

Од:

Првиот протестен „Марш за ангелите“ во 2026 година започна со едноминутен молк во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска им дадоа поддршка на тужените млади лица против кои е поведена постапка, откако против нив е поднесена приватна тужба за демолирањето на кафулето, кое го поседуваше сопственикот на „Пулс“.

Овој настан се случи на 17 март лани во Трговскиот центар во Кочани, ден после трагичниот пожар, чиј епилог се 63 починати лица и над двесте повредени.

— Како е возможно, лице кое е осомничено во трагедијата со 63 жртви и е дел од истрага, или се споменува во јавноста како осомничено, слободно да отуѓува имот и без судска забрана и без јасна контрола на потеклото на средствата. Ова е системско, легитимно прашање и не се однесува на лична критика туку на еднаквост пред законот, изјави пред Основниот суд во Кочани, Розета Блажева, сестра на починатиот Јорданчо Џамов.

Од тужените што го оштетија кафулето во Трговскиот центар во Кочани на 17 март немаше обраќање.

Родителите на починатите и денеска побараа одговорност од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК), бидејќи според нив, се развлекува постапката со осомничените полициски службеници поврзани со она што се случи на 16 март лани.

-Веќе предлогот ОЈО за ГОКК ја влече постапката што започна на 12 јуни 2025 година. Месеци слушаме дека е во завршна фаза, а одлука нема. Во трагедија од вакви размери, секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност. Нема да дозволиме овој случај да стане уште една затурена папка, ќе бидеме тука додека правдата конечно не биде испорачана. Правдата што доцни, не е правда, порача Верица Трифунова, мајка на починатата Моника Спасова.

Би можело да ве интересира

33. Марш за ангелите: Молкот и одолговлекувањето повеќе не се прифатливи

Сопругата на Андреј од ДНК вели: Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Правда за Кочани и убијци се скандираше на денешниот „Марш за ангелите“ пред Собранието на Македонија

Горан Наумовски

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

А1он

Во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“, родителите на починатите во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење

Горан Наумовски

„Марш за ангелите“ во Кочани – од утре едночасовни блокади на сообраќајот додека не започне судењето за „Пулс“

А1он