Во Минеаполис, каде што денес се случи пукотница во која агентите на ICE (Имиграциска и царинска служба) застрелаа осомничен кој беше вооружен со пиштол, полицијата и демонстрантите се судрија.
Демонстрантите се собраа во близина на местото на пукотницата, каде што ја блокираат раскрсницата и патот со контејнери и канти за ѓубре, кои ги користеа за фрлање кон полициските возила.
Според Fox News, полицијата уапсила еден демонстрант и е во состојба на готовност. Агенти на ФБИ, исто така, пристигнаа на местото на настанот.
На раскрсницата каде што беа собрани демонстрантите беше фрлен и солзавец. Неколку демонстранти беа приведени поради отпор и игнорирање на наредбите на полицијата.
Полицијата им даде на собраните демонстранти три минути да се разотидат од раскрсницата и патот што го блокираа, што демонстрантите го игнорираа.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, го осуди пукањето и ја повика администрацијата на Трамп да ја прекине својата операција во неговата држава.
„Тукушто разговарав со Белата куќа по уште едно ужасно пукање од страна на федерални агенти утрово. Минесота е презаситена. Ова е одвратно“, напиша Волц на X, додавајќи:
„Претседателот мора да ја запре оваа операција. Извадете илјадници насилни, необучени агенти од Минесота. Веднаш“.