Трамп: Кина жива ќе ја изеде Канада

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ќе воведе 100 проценти царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина и го предупреди канадскиот премиер Марк Карни дека таков договор би ја загрозил неговата земја.

„Кина ќе ја изеде Канада жива, ќе ја проголта целосно, што вклучува уништување на нивните бизниси, општественото ткиво и општиот начин на живот“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.

„Доколку Канада склучи договор со Кина, веднаш ќе биде погодена со 100 проценти царина за сите канадски стоки и производи што влегуваат во САД“, се закани Трамп.

За време на неодамнешната посета на Кина, Карни ја нарече азиската суперсила „сигурен и предвидлив партнер“, а во Давос ги охрабри европските лидери да бараат инвестиции од втората најголема економија во светот.

Трамп сугерираше дека Кина ќе се обиде да ја искористи Канада за да ги избегне американските царини.

„Ако Карни мисли дека ќе ја претвори Канада во „пристаниште за истовар“ преку кое Кина ќе испраќа стоки и производи во Соединетите Држави, тој е во голема заблуда“ – рече американскиот претседател.

Тензиите меѓу САД и нивниот северен сосед се зголемија во последните денови.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“

Трамп: Иран е официјално пропадната држава со раководство во хаос

А1он

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

А1он