(ФОТО) Левица: Учениците во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

Од:

До Левица Аеродром пристигнаа поплаки од родители на ООУ „Ѓоргија Пулевски“ дека учениците од трето одделение почетокот на второто полугодие го започнале со следење на настава во ладна училница, премрзнати и со јакни, соопштија денеска од партијата.

Од Левица велат „како што стои во поплаката, состојбата се влече уште од првото полугодие но надлежните, иако помина цел распуст, не ги поправиле расипаните радијатори. Дополнително на тоа ѕидот на училницата е полн со влага и мувла што претставува закана по здравјето на децата“.

„И додека учениците се мрзнат, градоначалникот Дејан Митевски почетокот на второто полугодие го започна со нови фотосесии и промовирање на нови „успеси“ на локалната власт. Од успесите издвојуваме дека со години се бара да се постават табли на кошевите на спортското игралиште зад училиштето, но општината упорно останува глува на апелите.

Левица секогаш стои зад барањата на учениците и родителите за овозможување безбедни и достоинствени услови за образование на децата. И натаму ќе се бориме и алармираме за сите неправилности и ќе бараме од локалната самоуправа и градоначалникот да обезбедат нормални услови за работа и образование на учениците наместо да се сликаат и самовеличаат за сопствените „успеси“ е ставот на Левица

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он