До сабота раст на температурите, од недела повторно врнежи

Од:

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Претпладнево има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер, соопшти УХМР.

Минималната температура е во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела