Зеленски: Ќе одам во Давос само ако таму можат да се постигнат конкретни резултати

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ќе оди на Светскиот економски форум во Давос само ако таму можат да се постигнат конкретни резултати.

Во вечерното видео обраќање, тој нагласи дека сите украински владини претставници сега треба да работат на проблемите на Украина.

„Ракетите за воздушна одбрана се потребни секој ден, оружјето е потребно секој ден, опремата за обновување, за резервата е потребна секој ден. Ако форумот во Давос обезбеди вистински резултати за Украина, Украина ќе биде претставена таму. На никого не му требаат празна политика и разговори без резултати“, истакна украинскиот лидер.

Тој додаде дека сите службени лица, претставници на локалните власти и менаџери на државни претпријатија, вклучувајќи ги и енергетските компании, мора да се справат со ситуацијата во земјата.

Повеќе од еден милион домаќинства во Киев се без електрична енергија по последните руски воздушни напади, изјави денес Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

А1он

Што му понудија Кушнер и Виткоф на Зеленски?

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Песков: Повикот до Зеленски да дојде во Москва сè уште важи

А1он

Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира 1.000 дронови дневно кон Русија

А1он

Зеленски ја сподели пораката што му ја испратил Трамп за Денот на независноста

Катерина Ѓуровски