Тренерот на Борусија Дортмунд – Нико Ковач, е кандидат да стане нов шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед во текот на летото.
Премиер лигата го ангажираше поранешниот играч од средниот ред – Мајкл Карик за привремен тренер до крајот на сезоната, но активно бара постојана замена за поранешниот менаџер, Рубен Аморим.
Според германскиот Скај, Ковач е на потесниот список на Јунајтед и претходно бил разгледуван од Челзи, пред да го именуваат Лиам Розениор како замена за Енцо Мареска.
Информациите што доаѓаат од Германија велат дека ова не се само медиумски шпекулации, туку дека челниците на Јунајтед веќе ги направиле првите чекори.
Тие наводно се распрашале за ситуацијата на Ковач во Борусија Дортмунд, а клучна фигура во целата приказна е техничкиот директор на англискиот клуб, Германецот Кристофер Вивел.
Тој го познава многу добро германскиот пазар и наводно одржува директна линија на комуникација со хрватскиот стручњак.
Јунајтед во Ковач гледа тренер кој може да донесе многу потребна дисциплина и структура по турбулентниот период.
Тренерот на Дортмунд останува под договор со клубот до 2027 година, откако го продолжи договорот претходно оваа сезона.
Откако ја презеде функцијата пред една година, само Баерн Минхен постигна подобри резултати од тимот од Дортмунд во Бундеслигата.
Оваа сезона, „милионерите“ се втори на табелата во Бундеслигата, шест бода пред третопласираниот тим, го забележаа најдобриот прв дел од сезоната во последните седум години и сè уште се во игра за пласман меѓу првите осум во Лигата на шампионите.