Од утре малку повисоки температури

Од:

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава дува умерен западен ветер. Минималната температура е во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од утре по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво