Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

Од:

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти, а хоспитализирани се 90-ина деца, со што болничкиот капацитет е речиси комплетно исполнет. Хоспитализирани се пациентите со компликации од грип – дехидратација, пневмонии и бронхоопструкции. Неколку деца се и на кислородна поддршка со маска, а другите се стабилни. Има и доенчиња со RSV-бронхиолити, изјави директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.

Изминатата недела, посочува таа, се чини дека грипот го достигнува својот пик, а за ваквата состојба придонесоа и новогодишните и божиќните празници кога имаше интензивни дружења, претстави, приредби за децата во затворен простор.

Појаснува дека симптомите на грипот почнуваат обично нагло, со зголемена телесна температура, болка во грлото, болка во мускулите и зглобовите, носна секреција и сува кашлица.

Препорака за родителите во овој период, нагласува таа, е да се избегнуваат собири во затворен простор, да се одржува лична хигиена со често миење на рацете, да се прави дезинфекција на површините, во исхраната да има свежо овошје и зеленчук и да се престојува на чист воздух.

– При појава на симптоми на грип децата да не се носат во градинка, да се изолираат, да се одржува добра хидрација со зголемено внесување течности, да се даваат лекови за покачена температура и разладување. Ако симптомите траат повеќе од три до четири дена или прогресираат со појава на интензивна кашлица, забрзано или отежнато дишење, да се побара лекарска помош на матичен лекар или во дежурните педијатриски пунктови и доколку состојбата е сериозна и потребно е болничко лекување, секако да се упатат во нашата установа, додаде д-р Бошковска.

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените