Петардите повредија седум момчиња од Ниш, дел имаат сериозни повреди на рацете, а некои трајно останаа без прсти

Од:

Седум момчиња беа примени во болница со сериозни повреди на рацете здобиени во експлозија на петарда помеѓу Нова година и синоќа, а ист број момчиња беа третирани амбулантски, изјави денес помошникот раководител на Клиниката за детска хирургија, ортопедија и трауматологија при Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Драгољуб Живановиќ.

– Сите деца кои беа примени на лекување имаат сериозни повреди на едната или двете раце. За жал, некои прсти се неповратно изгубени. Сите повреди се предизвикани од експлозијата на петардата во раката, изјави Живановиќ пред новинарите.

Тој додаде дека и покрај апелите на лекарите да не се купуваат петарди за деца, оваа година имало повеќе повредени деца отколку во претходните години. Според Живановиќ, момчињата кои претрпеле повреди од експлозии на петарди се на возраст меѓу 9 и 17 години.

Би можело да ве интересира

Сијарто објави: МОЛ ја купува српска нафтена компанија пради поголема безбедност

OFAK ја продолжува лиценцата на NIS

Продаден е рускиот удел во НИС

Горан Наумовски

Тошковски најавува заострување на казните за пиротехнички средства

Пет деца и двајца возрасни се хоспитализирани поради посериозни повреди на прстите, кај дел од нив беше извршена ампутација

Горан Наумовски

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ