Гиновска: Сериозна контрола на воздухот, речиси 400 неправилности во 2025

Од:

До 20 декември 2025 година се реализирани 1.700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и 329 контролни инспекциски надзори. Утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска.

Таа информира дека Државниот инспекторат за животна средина работи согласно годишен план за работа одобрен од министетот за животна средина и просторно планирање.

Гиновска соопшти дека од 1 ноември до денеска се спроведени над 55 инспекциски надзори на трериторија на цела држава во инсталации каде има влијане врз животната средина преку емисии во воздухот. Издадени се 20 решенија и три забрани за работа.

Во однос на правниот субјект Титан Цементарница Усје, Гиновска информира дека во 2025 година биле извршени шест надзори, од кои два редовни и четири вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори. Последните вонредни биле извршени на 18 ноември 2025 во 22 часот со инспектор за животна средина од Град Скопје и на 18 декември 2025 со инспектор за животна средина од општина Кисела Вода. Притоа, како што рече, кај сите надзори не се утврдени неправилности во работата на овој правен субјект.

Гиновска потенцира дека надзорите продолжуваат континуирано и на секои 15 дена Државниот инспекторат доставува извештај до работната група која е формирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и го следи спроведувањето на Акциксиот план.

Во моментов има околу 120 правни субјекти со активна А-интегрирани дозвола, согласно Регистарот што го води Управата за животна средина, а на територија на Град Скопје се околу 40.

На заедничката прес-конференција, портпаролката на Владата Марија Митева потенцира дека целта е транспарентно да ја информираат јавноста за тоа како институциите постапуваат и какви мерки се преземаат за унапредуваат за заштита на здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Голема загаденост во Скопје, посебно во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат

Горан Наумовски

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?