МВР информира за обид за поткуп на граничниот премин „Ќафасан“, вчера во попладневните часови.
Како што информираат, околу 14:30 часот, полициски службеници го уапсија 41-годишниот В.К. од Република Албанија.
За време на граничната и пасошката контрола, тој понуди поткуп на полициска службеничка, оставајќи пари преку прозорецот од кабината на шалтерот.
По настанот, тој е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
