Уапсени се пијани возачи – „рекордерот“ е од Велес, го фатија со 2,6 промили алкохол во крвта

Од:

Вчера вечерта во 19:27 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Д.(63) од Велес.

При сообраќајна контрола на ул. „АСНОМ“ во Велес е сопрено патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,60 промили алкохол во крвта.

Рано утринава во 01:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(38) од село Четирце, кумановско. При сообраќајна контрола на ул. „Доне Божинов“ во Куманово е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили алкохол во крвта.

Точно на полноќ, во Мaкедонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Д.С.(30) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола на ул. „Осоговска“ во Македонска Каменица е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од истиот град, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.

Утринава во 01:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода О.В.(44) од с. Ташмаруништа, струшко. При сообраќајна контрола на регионален пат на место викано „Кореа“ е сопрено патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта.

Во 03:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Н.(34) од Прилеп.

При сообраќајна контрола на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,65 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он