ВМРО-ДПМНЕ: Нека предложи Пендаровски решение за проблемот за влез во ЕУ и НАТО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на прес-конференцијата на Стево Пендаровски, претседавач на Советот на СДСМ за безбедносни прашања и НАТО интеграции, го повика Пендаровски да предложи решение за проблемот за влез во ЕУ и НАТО.

Имајќи предвид дека главниот проблем е барањето на Грција за промена на името и идентитетот, се наведува во реакцијата, го повикуваме јавно Пендаровски да каже кое име и кој идентитет тој би го предложил, а кои Грција би ги прифатила.

Зачудени сме што коалицијата на Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Тито Петковски, продолжува со леснотија да лицитира различни попустливи ставови во врска со спорот за името. Пендаровски нека го праша Бранко Црвенковски, зошто тој изминативе 20 години не успеал да го реши проблемот, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер министерот Филипче кој заедно со Заев стана милијардер да каже како нема грижа на совест за сите кои ги загубија животите заради неговата лакомост

Предраг Петровиќ

30 дена притвор за уапсената вработена во ПС и активистка на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп

Емир Латифовиќ