Зеленски: Украина веќе работи на создавање сопствени системи за воздушна одбрана

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека моменталната задача пред него во моментов е да организира самото производство на системи за воздушна одбрана и ракети за нив во Украина, објави Укринформ.

Шефот на државата го изјави ова во говорот за време на свечениот настан по повод Денот на дипломатскиот персонал, прецизираше украинската новинска агенција.

„Украина мора да го задржи своето лидерство во Европа во однос на квалитетот и обемот на производство на оружје. Мора да забележиме уште едно историско достигнување за Украина – да организираме сами производство на системи за воздушна одбрана и ракети за Украина, или заедно со нашите стратешки партнери. Тоа е она што ќе го промени балансот на моќта во нашиот регион. Ова е исклучително тешка задача, стратешка задача. За доброто на Украина, таа мора да се исполни“, им рече Зеленски на дипломатите.

Тој објасни дека Киев веќе работи на создавање сопствени системи за воздушна одбрана.

„Тука сè зависи од техничките способности на нашите специјалисти – колку брзо можат да го постигнат ова. Сепак, системите за воздушна одбрана не се создаваат брзо. Но, ние сме блиску до постигнување на соодветните резултати“ – рече претседателот.

Додаде и дека Украина ќе продолжи да работи на договори што предвидуваат снабдување со системи за воздушна одбрана од нејзините партнери преку разни програми.

Би можело да ве интересира

Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

А1он

Што му понудија Кушнер и Виткоф на Зеленски?

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Песков: Повикот до Зеленски да дојде во Москва сè уште важи

А1он

Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира 1.000 дронови дневно кон Русија

А1он

Зеленски ја сподели пораката што му ја испратил Трамп за Денот на независноста

Катерина Ѓуровски