Ѓорѓиевски: Сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат фотоволтаици

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа.

„Влогот во образованието е влог во иднината. Горд сум кога резултатите од нашиот труд за кратко време се веќе видливи, што ни дава уште поголем мотив да продолжиме посилно и поодлучно. Денес сме во посета на средните училишта во Скопје, каде што сите ги опремивме со нови клупи и столчиња, достоинствени услови за учење и работа. Обезбедивме и прочистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Тој порача „Со целосна одговорност можам да кажам дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што јасно говори за нашата силна посветеност кон поквалитетно образование. Модернизацијата и осовременувањето на наставните средства продолжува и понатаму, системски и плански“.

„Во фокусот е и реконструкцијата на спортските терени, проект кој веќе е во тек, затоа што сакаме да ја поттикнеме физичката активност и да градиме здрави животни навики кај младите од најрана возраст. Дополнително, сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што е сериозна и одговорна мерка која ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија, но и директен придонес во заштитата на животната средина“ рече Ѓоеѓиевски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови