Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

И во наредните денови се очекува претежно сончево и тивко време со дневна температура над просекот за овој период од годината.

Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Денеска ќе биде сончево и топло

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди