Нападната била редакцијата Инфомакс, емисијата „Тешки муабети“ беше прекината, интервенираше полицијата

Од:

Околу полноќ додека во живо „течел“ поткастот Тешки муабети со Александар Митовски, Милош Милошевски и Стевче Јакимовски и штотуку најавиле дека преминуваат на актуената тема со мигрантите главниот уредник Митовски побарал да ја прекинат емисијата оти некој тропа на вратата на студиото.

Александар (Мечка) и Милош (Мичо) на почетокот на емисијата кажаа дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски во која е и студиото постојано има како што тврдат лица кои ги следат, а претходната вечер кога завршиле околу 1.15 по полноќ пред студиото имало две лица во возило „ауди“ кои ги сликале, а кога отишле да ги прашаат што бараат тие без одговор заминале.

Лице за кое тие тврдат дека е „партиска будала“ ја скрши вратата на студиото, а тие веднаш ја прекинаа емисијата и кажаа дека едно лице од нападот успеале да го задржат и повикале полиција, вели Митовски.

На фејсбук се огласи сопственикот Александар Митовски и напиша „Партиска будала само што насилно влезе во редакцијата на Инфомакс и во мојот дом. Се е снимено, и нападот и упадот и насилството. Дечките од полиција брзо реагираа. За се останато, ќе ја тераме до крај. Продолжуваме со емисијата по полициските процедури“.

Би можело да ве интересира

Напаѓачот на „Инфомакс“ бил пресметлив, сакал да ги тепа новинарите зошто зборувале лошо за премиерот

Катерина Ѓуровски

Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

А1он

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски