(ВИДЕО) Исмаил: Недостаток на институционален капацитет води кон повторување на трагедиите

Од:

„Македонија помина низ низа трагедии од Стајковци, преку „Дурмо турс“, Ласкарци, модуларната болница до „Пулс“ и секогаш повторно се открива истото, системски пропусти. Не станува збор само за индивидуална кривична одговорност, туку за целосно нереформиран систем кој дозволува вакви настани повторно и повторно да се случуваат“, истакна Реџеп Исмаил, пратеник од Левица на Анкетната комисија за трагедијата во дискотекта „Пулс“ во Кочани.

Во своето излагање Исмаил истакна дека институциите масовно потфрлиле и посочи дека општинскиот инспекторат не контролирал, Дирекцијата за заштита и спасување девет години нема направено ниту една инспекција, Министерството за економија дозволило објектот да работи со фалсификувана лиценца, МВР не ги детектирало прекршувањата, а Државниот пазарен инспекторат и трудовиот инспекторат практично не постојат на терен.

Коренот на проблемот Исмаил го лоцираше во нефункционалната децентрализација и институционалната фрагментација. Општините немаат капацитет, надлежностите се префрлаат за една иста работа фрагментирано на повече институции, а безбедноста се префрла на приватни агенции наместо да биде одговорност на МВР. Ноќниот живот е сива зона на економијата каде никој не врши никаква контрола.

„Потребна е темелна системска реформа што значи намалување на бројот на институциите, јасни одговорности и градење вистински капацитети. Ние мора да признаеме дека сегашниот модел не функционира и дека е време за нов, функционален систем кој ќе спречи вакви трагедии, наместо да ги повторува“, истакна Исмаил.

Би можело да ве интересира

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Левица: Пливачите ја плаќаат цената за криминалните концесии на власта

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува