Променливо облачно со сончеви периоди, од утре потопло

Од:

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има магла. Синоптичарите најавуваат во северозападните региони слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Под влијание на висок воздушен притисок во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло. Во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела

Викендов топло, со најава за невреме попладне

Катерина Ѓуровски