Питбул уби бебе на Закинтос, родителите се приведени

Од:

На грчкиот остров Закинтос се случи голема трагедија кога семеен питбул уби 18-месечно бебе.

Детето било во дворот на својата куќа кога питбулот му се приближи и, од непозната причина, го нападна, објави порталот „Прототема“.

18-месечно дете почина откако беше нападнато од разбеснетиот домашен миленик. Според извештаите, дете беше во дворот на својата куќа, кратко по враќањето од шопинг со своите родители.

Родителите во паника повикаа служби за итни случаи и детето беше однесено во болница.

Сепак, веќе беше предоцна. Таткото на детето е од албанско потекло, а мајката е Британка и двајцата живеат на островот Закинтос со години.

Локалната заедница беше шокирана од инцидентот, а надлежните органи веќе се мобилизираа за да ги истражат околностите на нападот.

Родителите се во притвор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он