Жена почина на скалите во зградата од брутални повреди, уапсен е маж со повреда на вратот

Од:

Утринава околу 8 часот, полицијата во хрватскиот град Риека пронајде тешко повредена жена на скалите од зградата во која живее. Таа покажуваше знаци на живот.

И покрај тоа што ѝ беше укажана итна медицинска помош и беа направени обиди за реанимација, таа почина – јавуваат хрватските медиуми.

Полициските службеници пристигнаа по дојава, а во стан во зградата е пронајден маж со повреда на вратот.

Полицијата соопшти дека тој е приведен во врска со извршување на кривично дело. Згрижен е и под надзор на полициски службеници.

Истрагата е во тек, а кривичната истрага продолжува за да се утврдат сите околности и релевантни факти за овој настан.

Би можело да ве интересира

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Почина 64 годишна жена од Љуботен – во тешка состојба донесена во Градска болница

А1он

43-годишна жена од Скопје починала во изнајмен стан

Во Дом за стари лица во Скопје починала жена од Кавадарци

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир