Во текот на ноќта и утрово, руските сили започнаа масовен комбиниран воздушен напад врз Украина со употреба на ракети и беспилотни летала, а пријавени се жртви и штети во неколку украински региони, објавија локалните украински власти.
Во Черниховската област, за време на ноќниот напад, руски беспилотни летала погодија станбени згради и објекти од витална инфраструктура, а избувнаа и пожари, објави Државната служба за вонредни ситуации на Украина на Телеграм, пренесува Укринформ.
Складиштата за храна горат во Луцк, кој е нападнат од руски беспилотни летала, објави утрово на Телеграм градоначалникот на Луцк, Игор Полишчук.
