Притвор од осум дена за таткото и ќерките сопственици на кравите кои пустошат во Кривопланечко

Од:

Судија го прифати барањето на Обвинителството и им одреди осумдневен притвор на таткото и двете ќерки од Кривопаланечко, сопственици на големо стадо крави, кои завчера спречуваа инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и полицајци да одведат дел од животните.

Инцидентот следи по долготрајни тензии меѓу семејството и жителите на неколку околни села, кои со месеци реагираат дека кравите се пуштени да талкаат слободно, влегуваат во нивите и прават значителна штета.

Г.Ѓ. (57) и неговите ќерки А.Ѓ. (30) и А.Ѓ. (22) беа уапсени при интервенцијата, при што даваа отпор. Снимка од настанот беше објавена на социјалните мрежи.

Јавниот обвинител побара притвор за сите тројца поради опасност од бегство и можност повторно да го сторат делото. Во образложението, Обвинителството наведува дека семејството континуирано ги малтретирало соселаните и покрај бројните интервенции на надлежните институции.

Во последниот случај, според ОЈО, тие го попречувале спроведувањето на решение за одземање на дел од кравите од страна на инспекторите и полицијата.

Би можело да ве интересира

Митовски: Анализата на риболовното друштво “Мрена” покажува уште поголемо загадување на водите на Крива Река

Приведен измамник од Крива Паланка