Медведев: НАТО е наш непријател, постои само еден начин да се справиме со непријателите

Од:

НАТО со ентузијазам објави дека го укина Советот „Русија – НАТО“. Морам да признаам, го делам нивниот ентузијазам, напиша заменик-претседателот на Рускиот безбедносен сојуз – Дмитриј Медведев на социјалната мрежа „Х“.

– НАТО е наш непријател. За каков „совет“ зборуваме воопшто? Постои само еден начин да се справиме со непријателите. Како што велеше Горки: „Ако непријателот не се предаде, тој се уништува себеси“, рече Медведев.

Претходно, на самитот на дипломатите на НАТО во Брисел, како што објави министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, беше донесена одлука за укинување на Советот „Русија – НАТО“.

– Формалните одлуки доведоа до изјавата на генералниот секретар на НАТО дека Советот „Русија – НАТО“ повеќе не постои. Кон ова се стремеше полската влада, а сега тоа стана факт – изјави Сикорски за новинарите по самитот.

Во исто време, полскиот министер изјави дека таканаречената „европска безбедност“ денес се гради „против Русија“.

Би можело да ве интересира

Медведев одговори на новите санкции од Трамп

Катерина Ѓуровски

Медведев: Европа измислува руска закана за да го оправда финансирањето на Украина

А1он

Медведев и се закани на Литванија со „исчезнување од светската мапа“ во случај на конфликт

А1он

Медведев: Околу 200.000 луѓе годинава потпишаа договор за служба во армијата

А1он

Медведев: ЕУ одбива да ги евакуира амбасадите во Киев, веројатно имаат вишок персонал

А1он

(ВИДЕО) Медведев: Европејците добија вербална канонада од неблагодарна нарко-свиња

Катерина Ѓуровски