Филмот „Мајка“ месецов ќе се прикажува во 230 киносали во Франција

Од:

Филмот „Мајка“, најновото остварување на режисерката Теона Стругар Митевска, од утре (3 декември) официјално почнува со дистрибуција во Франција.

-Премиерата во Париз помина со исклучителен интерес. UGC Bercy беше целосно распродаден, а проекцијата во Pathé Convention се одржа со висока посетеност, што го потврдува зрелиот интерес на француската публика. Во рамките на промотивната турнеја, филмот беше претставен пред водечките француски медиуми меѓу кои Télérama, Europe 1, INA, Elle и Le Journal du Dimanche, со силно позитивни критики. Критичарите ја истакнуваат тематската длабочина, авторската зрелост и уметничката актуелност на филмот, се наведува во соопштение од ПР-тимот.

Во октомври и ноември „Мајка“ беше прикажан на 26 меѓународни фестивали каде што, се наведува во соопштението „доби значајно внимание и позитивни оценки од стручните жирија“.

-Филмот е веќе продаден за дистрибуција во повеќе од 40 земји, што сведочи за неговиот силен глобален досег. Особено пофалени се актерските интерпретации. Номи Рапас се издвојува со една од нејзините најсилни изведби, а Никола Ристановски носи суптилен и емотивно комплексен настап кој остави длабок впечаток меѓу европските гледачи и критичари. Филмот е потврден за прикажување во 230 киносали во првите две недели, во комбинација од arthouse простори и големи комерцијални кина. Дополнително, 600 киносали низ Франција го имаат вклучено филмот во своите долгорочни репертоари, што претставува редок и значаен опфат за регионален филм во францускиот дистрибутивен систем. „Мајка“ оваа есен имаше силно присуство на меѓународната фестивалска сцена, меѓу другите во London FF, Ghent FF, Cannes Rencontres Cinématographiques, Arras FF, Geneva IFF, Mannheim Heidelberg, Seville FF, Haifa FF, Thessaloniki FF, Ljubljana FF, Tallinn Black Nights, како и на прекуокеанските фестивали во Рио де Жанеиро, Токио, Колката и Маракеш. Значајна е и селекцијата на Camerimage FF во Лоџ Полска, еден од најпрестижните фестивали за директори на фотографија, стои во соопштението.

Во декември филмот пристигнува и пред домашната публика. „Мајка“ ќе биде на редовниот репертоар во Кинотека на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прв трејлер за филмот за Путин: Не ме интересира Нобелова награда за мир – сакам војна

А1он

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски

„Мајка“ на Теона Митевска премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал

А1он

Почина познатата шпанска актерка

Патувачко кино на „МакеДокс“ се одржа во Кочани

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ добитник на наградата за најдобар дебитантски филм на Фестивалот на Југоисточна Европа 2025