Годишна изложба на ДЛУМ во Мала станица

Од:

Во Националната галерија – објект Мала станица, денеска ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Овој традиционален настан претставува неселективна презентација на творештвото на сите членови на ДЛУМ во текот на изминатата година, создавајќи автентичен портрет на актуелната визуелна уметничка сцена.

Посетителите ќе имаат можност да видат дела во класични медиуми, цртежи, слики, графики, скулптури како и современи форми, меѓу кои инсталации, концептуални практики, нови медиуми, дигитална и видео уметност, фотографија и експериментални техники.

Изложбата го нагласува дијалогот меѓу традицијата и иновацијата, прикажувајќи како уметниците ги преиспитуваат и реинтерпретираат класичните форми додека истражуваат нови креативни територии.

Би можело да ве интересира

ДЛУМ ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината