Сончево со температури до 15 степени денеска, од утре дожд

Од:

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво