Ветер, дожд и на повисоките места снег

Од:

Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините утре врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво