(ВИДЕО) Ранети двајца припадници на Националната гарда, Трамп: Животното што пукаше ќе плати висока цена!

Од:

Двајца припадници на Националната гарда на САД беа тешко ранети денеска во центарот на Вашингтон, во близина на Белата куќа, потврди гувернерот.

Полицијата приведе еден осомничен, а местото на настанот е обезбедено, пишува CNN.

Метрополитенската полиција на Вашингтон објави на социјалната мрежа X дека местото на настанот е обезбедено и дека еден осомничен е во притвор.

На граѓаните им е советувано да ја избегнуваат областа.

Околностите што доведоа до пукотницата се уште се непознати, а Националната гарда сè уште не издаде официјално соопштение.

Претседателот Доналд Трамп исто така беше информиран за инцидентот, а кратко по нападот се огласи на Truth Social, потврди неговата портпаролка Каролин Ливит.

„Белата куќа е свесна за оваа трагична ситуација и активно ја следи“, рече Ливит, додавајќи: „Претседателот е известен“.

Трамп рече дека двајца членови на Националната гарда се „критично ранети“ и додаде дека двајцата се сместени во различни болници.

Тој го нарече напаѓачот „животно“ и јасно изјави дека виновникот ќе се соочи со тешки последици.

„Тие ќе плати многу висока цена“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Пиварница во САД вети бесплатно пиво кога ќе умре Трамп – ѝ ја одзедоа дозволата за работа

А1он

Трамп: Запомнете ја оваа глетка – тоа ќе бидеме ние за три години

А1он

Трамп: Да не бев претседател, Израел денес немаше да постои!

А1он

Нетанјаху кај Трамп: Разговараат за „намалување на обемот на војната“

А1он

Трамп го прими Зеленски во Белата куќа

А1он

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран