Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска предложени за судии во Стразбур

Од:

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Станува збор за адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски.

Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на денешната прес-конференција, одлуката ја донеле врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска функција и признат правнички углед.

-Мал број на кандидати што го исполнуваа вториот услов, квалификации за вршење на судиска функција. Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека, двајцата адвокати избрани имаат неспорно значајни искуства во човекови права, рече тој.

Како што информираше, се гласало тајно за сите кандидати, двајца од избраните кандидати добиле по пет гласа, еден четири.

До крајот на неделата имињата ќе бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе даде конечна оценка.

-Кога ќе го добиеме одговорот, ние тогаш на Владата ќе ѝ кажеме дека нашиот избор го добил или не го добил зеленото светло од експертскиот панел и во зависност од одговорот постапката продолжува, појасни Костадиновски.

Како што дополни, откако ќе ја известат Владата, таа треба да ги предложи до Комитетот при Советот на Европа.

-Потоа ќе се спроведе постапка на интервјуирање од Комитетот при Советот на Европа, дури после тоа предлогот оди на пленарен состанок на Совет на Европа. Следниот е во јануари, се сомневам дека ќе стигнеме, другиот е во април, до април треба да стигнеме, рече Костадиновски.

Покрај избраните, меѓу кандидатите биле Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова Хуг.

Би можело да ве интересира

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Уставен суд: Судот останува на ставот дека институтот „интерпелација” не се однесува на уставните судии

Европски фронт поднесе интерпелација за претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Засега нема правно правило по кои услови независните кандидати на изборите, вели Костадиновски

Костадиновски: Уставниот суд предолго време e инертен