Полициски службеници од СВР Охрид уапсија 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 изврши обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.
До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.
Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор. Од МВР векат дека после целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
