Коњуфца не успеа да формира влада на Косово – се отвора патот за нови избори

Од:

Мандатарот Глаук Коњуфц не успеа да ја формира новата влада на Косово, бидејќи извршната власт што ја претстави доби само 56 гласа „за“, 53 гласа „против“ и четири воздржани.

Со уште еден неуспех во формирањето на извршната власт, се отвора патот за распуштање на Собранието и распишување нови избори, како што е предвидено во Уставот. Новата влада не беше избрана бидејќи не ја доби потребната поддршка од најмалку 61 пратеник.

Пратеникот на Демократската партија на Косово, Мемљи Красниќи, побара од претседателот на Косово, Вјоса Османи, што поскоро да распише нови избори за да не се „губи драгоцено време“.

Коњуфца беше назначен за нов претставник откако Владата предводена од лидерот на Самоопределување, Албин Курти, не беше избрана.

Коњуфца го презентираше составот на Владата и, меѓу другите, ги предложи Албин Курти за прв вицепремиер и министер за надворешни работи, Џелал Свечља за министер за внатрешни работи, Доника Гервала за министер за правда и Хекуран Мурати за министер за финансии.

Претставувајќи ја програмата, Коњуфца рече дека кризата ќе се продлабочи ако не се избере нова влада.

На изборите на 9 февруари, Движењето Самоопределување победи, но не освои доволно пратенички места за самостојно да формира Влада.

На тие избори, Демократската партија на Косово освои 24 места, Демократскиот сојуз на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово 5, а Социјалдемократската иницијатива три пратеници.

Би можело да ве интересира

Втор круг локални избори во 18 општини на Косово

А1он