Ѓорѓиевски ги откри имињата на идните директори на јавните претпријатија во Град Скопје

Од:

Во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов, кој ја извршуваше истата функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска.

Во „Водовод и канализација“ нов вршител на должноста директор ќе биде Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела Вода.

Како што информираше скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за директор ќе биде назначено лице кое долги години работи во тоа претпријатие, додека во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен човек со долгогодишно искуство во комуналниот сектор на Град Скопје.

„Во ‘Комунална хигиена’ ќе биде поставен директор кој исклучително добро се покажа за време на акцијата ‘72 часа’. Не е актуелниот в.д. директор. Се вика Драги — човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје, не бил експониран ниту партиски, ниту во јавност. Во ЈСП Скопје ќе биде назначен Саше, кој долги години работи во претпријатието, има искуство и ги разбира процесите,“ изјави Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена