Мерц: Му реков на Зеленски да се погрижи Украинците да не доаѓаат масовно кај нас

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот телефонски разговор да се погрижи младите луѓе од Украина да не доаѓаат масовно во Германија.

„Тие се потребни таму, во Украина“, повтори Мерц подоцна на трговскиот конгрес во Берлин.

Членовите на Европската унија регистрираа пристигнување на 79.205 украински бегалци во септември, најмногу за еден месец од август 2023 година, според податоците на Евростат.

Агенцијата за статистика на ЕУ го објаснува ова со одлуката на Украина од август 2025 година да им дозволи на мажите на возраст меѓу 18 и 22 години слободно да ја преминуваат границата.

Повеќе од 1,2 милиони украински бегалци, или 28,3 проценти од вкупниот број бегалци во ЕУ, моментално се сместени во Германија, објави Евростат во соопштението од оваа недела.

„Германската влада, исто така, има намера да ги промени бенефициите за украинските бегалци, така што стимулациите за работа ќе ги надминат стимулациите за останување во системот за социјална помош“, објави Мерц.

Би можело да ве интересира

Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

А1он

Што му понудија Кушнер и Виткоф на Зеленски?

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Песков: Повикот до Зеленски да дојде во Москва сè уште важи

А1он

Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира 1.000 дронови дневно кон Русија

А1он