Дожд денеска и утре претпладне, потоа до петок суво

Од:

Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

УХМР најавува дека утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и топло со темеператури до 33 степени

Сончево време со северен ветер

А1он

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град

Променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи

Катерина Ѓуровски