Полицијата „ловеше“ пијани возачи во Куманово, Битола и Берово

Од:

МВР информира дека вчера вечерта во 20:02 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Б.(44) од Битола.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Б. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,55 промили алкохол во крвта.

Еден час подоцна, во 21:00 часот на регионалниот пат Берово – Виница, во атар на с. Будинарци, полициски службеници од ПС Берово го лишија од слобода М.П.(54) од с. Митрашинци, беровско. При вршење на увид на сообраќајна незгода во која М.П. учествувал со патничко возило „пежо“ со беровски регистерски ознаки, утврдено е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,83 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Рано утринава во 02:19 часот на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.М.(19) од с. Логоварди, битолско.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, при што констатирале дека А.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта.

Речиси во исто време, на булевар „Трета македонска ударна бригада” во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(44) од Република Србија.

При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” кој го управувал З.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

Би можело да ве интересира

Шест пријави за семејно насилство, еден уапсен

А1он

Уапсени девет возачи за безобѕирно возење – сите биле без возачка дозвола

А1он

Таткото полицаец го пријави синот дека му се заканува со службениот пиштол

А1он

Поради нетрпение ја нападна колешката на наплатна станица – Петровац

А1он

Нападнат 38 годишник од Пробиштип во центарот на Скопје – му го украдоа велосипедот и паричникот

А1он

Дипломатско возило се судри со мотоцикл – повреден е 38 годишен скопјанец

А1он