Сомнителен пакет со бел прашок во воена база во Вашингтон

Од:

Неколку лица беа однесени во болница откако сомнителен пакет што содржеше бел прашок беше доставен во заедничката база Ендрус во американската држава Мериленд, објавија денес официјални лица и извори запознаени со истрагата.

Според соопштението на базата, инцидентот се случи кога едно лице го отвори пакетот, што доведе до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, објавува CNN.

Екипите за итни интервенции брзо реагираше и утврди дека нема непосредна закана, по што случајот е предаден на Канцеларијата за специјални истраги.

Повеќе лица кои беа во близина на пакетот се транспортирани во Медицинскиот центар Малколм Гроув во базата.

Според извори на CNN, почетниот тест спроведен од тимот HAZMAT не откри присуство на опасни материјали, но истрагата продолжува.

Би можело да ве интересира

Нападната американска база во Сирија

Катерина Ѓуровски