Зеленски ја обвини Кина дека ѝ помага на Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Кина префрла машини за производство на оружје во Русија, повикувајќи го Пекинг да ја запре таквата поддршка и да го искористи своето влијание за да ја поттикне Москва за мир.

Зборувајќи на состанокот во Киев со холандскиот министер за надворешни работи Давид ван Вил, Зеленски потсети дека претходно добил гаранции од кинескиот претседател Си Џинпинг дека Кина нема да и испорачува оружје на Русија.

„Моите пораки се многу едноставни. Имавме телефонски разговори со Си Џинпинг. Тој ме увери дека оружјето нема да им се продава на Русите. Сепак, гледаме дека Кина ѝ дала машини за производство на оружје на Руската Федерација.

Гледаме дека Кина помага во заобиколувањето на санкциите. Гледаме дека има кинески платеници кои се бореле против украинската армија“, го цитираше Зеленски украинската државна новинска агенција „Укринформ“.

Зеленски нагласи дека Пекинг треба да изврши притисок врз Москва да ја запре агресијата, наместо да ги поддржува напорите што ја продолжуваат војната.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Катерина Ѓуровски

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он