Пијана жена направи сообраќајка при паркирање, ќе мора да плати 2.260 евра

Од:

Во загрепската населба Трње, 42-годишна жена направи сообраќајна несреќа притоа возејќи со 3,06 промили алкохол во крвта.

При обид за паркирање, таа удри во друго возило, соопшти полицијата.

Инцидентот се случи во средата околу 8 часот наутро кога при паркирање удри во автомобил сопственост на 25-годишна жена.

Несреќата предизвика само материјална штета, а алкотестот покажал 3,06 г/кг алкохол во телото.

Таа веднаш е уапсена и однесена во посебните простории на полицијата за да се отрезни. Откако престанале ефектите од алкохолот, таа е донесена во Општинскиот суд за прекршоци во Загреб.

Во обвинението, полицијата бара парична казна од 1.580 евра и тримесечна забрана за управување со возило од категорија Б.

Сепак, судот беше многу построг. Ја прогласи за виновна и ѝ изрече парична казна од 2.260 евра, заедно со изрекување заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од категорија Б во траење од три месеци.

Би можело да ве интересира

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Три млади момчиња загинаа во сообраќајка во Република Српска

А1он