Борбата не е завршена, во вториот круг почнуваме повторно од нула, вели Ногачески

Од:

Се уште актуелниот градоначалник на Општина Дебрца и независен кандидат за трет мандат на функцијата, Зоран Ногачески, на граѓаните им порача дека независно предноста на противкандидатот борбата не е завршена односно како што рече „вториот круг почнува повторно од нула“.

Ногачески кој во првиот круг од Локалните избори одржани на 19 октомври освои 663 гласа, во вториот круг ќе ги одмери силите со кандидатот Златко Сиљаноски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кој во неделата освои 1.212 гласа.

– Јас не сум човек што се предава. Сум се борел и кога било потешко од сега. Се борам затоа што верувам во Вас – во луѓето што ја сакаат својата општина, што сакаат да живеат мирно, без поделби и лаги. Ова не е само моја борба, ова е борба на сите што сакаат фер и чесна општина, порача Ногачески.

Тој уште рече дека сега е времето за обединување, да не се изгуби насоката по која се движи општината определена во текот на изминатите два негови мандати.

– Вториот круг е шанса да покажеме дека иднината на Дебрца не ја определуваат партиите, туку луѓето – ние, граѓаните. Вториот круг е момент кога секој од нас треба да одлучи: дали сакаме општина со визија, чесност и развој или да се вратиме назад под партиски диктати, истакна Ногачески

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Дебрца во работна посета на Холандија

Ана Ололовска

Охрид и Дебрца со Мировен марш се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот

Ана Ололовска

Протест против изградба на регионална депонија во Дебрца, сообраќајот во прекин

Наум Локоски

Дебрчани в недела организираат голем протест против регионална депонија во селото Годивје

Ана Ололовска

Советот на Општина Дебрца не прифаќа депонија во селото Годивје

Наум Локоски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали градоначалникот Ногачески ја прифатил посочената локација за изградба на депонија во Дебрца?

Наум Локоски