Голема полициска акција во Прилеп, има сомнеж за криминал во болницата

Од:

Во тек е голема полициска акција во Прилеп.

Според засега непотврдени информации, уапсени се повеќе луѓе поврзани со сомнежи за сторен криминал во работењето на прилепската болница „Борка Талески”.

Oд МВР засега не откриваат повеќе детали.

Во април годинава, Основното јавно обвинителство Прилеп и Финансиската полиција вршеа претреси на повеќе локации во градот поради сомнежи за финансиски злоупотреби на болница.

„ОЈО Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази”, стоеше тогаш во соопштението од ОЈО – Прилеп.

Денеска од ОЈО дојде само кратко соопштение во кое се вели:

„По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата во прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали во текот на утрешниот ден“.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција: Двајца златари го оштетиле државниот буџет за 64.9 милиони денари

Бебе старо само осум дена било донесено во болницата во Прилеп без знаци на живот

Уапсен благајникот на прилепската болница за проневара на 250 илјади евра

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Уапсен сопственикот на Марковски Компани, oсомничен e за местење тендер од 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Вработен во прилепската болница украл 35 илјади евра: парите ги вратил, осуден е условно

Катерина Ѓуровски