Коалиција ВМРО, ВРЕДИ и ЗНАМ има мнозинство во Советот на Град Скопје, СДСМ е со пет советници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери од Владата, „Вреди“ и ЗНАМ, обезбедуваат мнозинство во новиот состав на Советот на Град Скопје.

Според конечната распределба на мандатите објавена на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), ВМРО-ДПМНЕ ќе има 18 советници, партиите Левица, „Вреди“ и ДУИ по 6 советници, додека СДСМ ќе има 5.

По еден советнички мандат освоија коалицијата „Искуство за успех“, партијата ЗНАМ, како и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“.

Тоа значи дека од вкупно 45 советници, колку што брои Советот на Град Скопје, владејачката коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ ќе има вкупно 25 советници, што е стабилно мнозинство.

На локалните избори во 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше ист број советници – 18. СДСМ тогаш освои 12, што е седум помалку во однос на сегашните резултати. ДУИ имаше пет советници, Левица четири, а по две советнички места имаа Алијанса за Албанците и Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните од „Зелен хуман град“.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини