Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски како првопласиран, со добиени 39,43 проценти од гласовите и претенднтот на Левица Амар Мециновиќ кој има 13,20 проценти одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се прво и второпласирани и во трката за советници во Советот на Град Скопје.
Кандидатката на СДСМ Каја Шукова доби 11,50 проценти од гласовите. Повеќе гласови од неа има кандидатот на ВРЕДИ Башким Бакиу, 12 отсто.
Ова се резултатит од преброени 99,92 проценти од гласовите во главниот град.