Се е во ред овде во Гостивар. Очекувам претседателот на Државната изборна комисија, предложен од редовите на СДСМ да организира фер избори, заедно со останатите членови на ДИК и секако со институциите кои што се надлежни за спроведување на законот, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имаме изборен ден мирен, без проблеми и очекувам одличен резултат, историски висока победа за ВМРО-ДПМНЕ, најдобра од 90-тата до денес. Исто така, очекувам, пораката која што ќе ја добиеме на крајот на овој ден, дека народот сака да се продолжи кон подобро, а не да се враќаме назад.
Алиби пораките и прочитаните изјави коишто доаѓаат од страна на пропаднатата, преплашена и не променета СДСМ, се одамна разобличени. Македонија помни и не заборава. Ние продолжуваме со нашиот одговорен однос и со испорачуваме резултати во областите коишто се од најголем интерес за нашите граѓани. А, тоа се борба против корупцијата, покачување на животниот стандард и, секако, испорачување на ветеното од овие локални избори и од последните парламентарни. Исто така, очекувам поразените да се соочат со реалноста и да ја прифатат пораката од граѓаните и конечно да започнат да работат на себе, а тоа е партиски, програмски и кадровски да се реформираат и да станат одговорни. Ние продолжуваме со нашиот одговорен однос, којшто е заслуга на довербата која ни е дадена од граѓаните. Македонија заслужува подобро и Македонија ќе победи, рече Стојаноска.