Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето, град по мерка на човекот, не на автомобилите

Од:

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денешната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост.
„Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што се развива со луѓето, за луѓето“, изјави Шукова.

Таа нагласи дека клучна цел е воспоставување баланс во урбаниот развој меѓу јужниот и северниот дел на градот. „Неконтролираната градежна експанзија јужно од Вардар ја надмина инфраструктурата и го ’задуши’ градот. Затоа ќе се фокусираме на развој на нови станбени населби северно од реката Вардар, каде што ќе се вложува во нова инфраструктура, со што ќе се привлечат инвестиции и ќе се обезбеди рамномерна урбана слика“, рече таа.

Во делот за сообраќајната инфраструктура, Шукова најави пренасочување на приоритетите – од автомобилите кон луѓето. „Скопје мора да премине од град на автомобили во град на луѓе. Пешаците и велосипедистите ќе бидат на врвот на сообраќајната пирамида. Центарот ќе го претвориме во пешачка зона, а новите булевари на северот ќе овозможат подобра поврзаност меѓу истокот и западот, без дополнителен притисок врз градското јадро“, потенцираше Шукова.

Посебен акцент стави на зелените површини, како предуслов за квалитетен и здрав живот. Таа најави изградба на 15 нови паркови за 15 месеци, подигање на Ботаничката градина кај ЈП „Паркови и зеленило“, пошумување на ободот на градот како продолжение на Водно и уредување на пешачко-велосипедската патека долж Вардар до Сарај.

„Зелените површини се белите дробови на градот. Скопје мора повторно да дише. Затоа ќе вложуваме во паркови, јавни простори и чиста животна средина“, рече таа.

Шукова ја претстави и долгорочната визија за развој на Скопје во наредните три децении, која, како што нагласи, ќе се темели на холистички пристап што комбинира одржливост, иновации и инклузивност. „Граѓанинот ќе биде во центарот на планирањето. Сакаме Скопје да биде креативен, отпорен и зелен град – место каде што луѓето живеат, работат и инвестираат во здрава и човечка средина“, порача Шукова.

„Ова е визијата за Скопје за која се бориме – град што ја почитува својата историја, но храбро гледа кон иднината“, заврши таа.

Би можело да ве интересира

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Шукова: Граѓаните на Бутел сакаат нови улици, чисти паркови, поврзани населби и општина што ќе ги слуша нивните идеи

Горан Наумовски

Шукова: Време е јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите

(ВИДЕО) Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

Шукова: Фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка на најранливите граѓани на Скопје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шукова: Мојата програма содржи брзи решенија и реални мерки за граѓаните

А1он