Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

Од:

„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

-Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“ напиша кусо Фон дер Лајен.

Претходно, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски на средбата со Фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен завчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки денеска допатува во Скопје.

За време на престојот во Скопје Фон дер Лајен оствари средби и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Го информирав Зеленски за двата клучни приоритети

А1он

Фон дер Лајен: Ова е почеток на нова ера – Европа е енергетски независност од Русија

Европските конзервативци и реформисти бараат оставка од Урсула фон дер Лајен

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен

Урсула фон дер Лајен: Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина

Орбан: Урсула фон дер Лајен повторно бара повеќе пари за Украина, астрономска сума што не постои