Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во кочанскиот „Пулс“

Од:

Владимир Блажев – Панчо, членот на дуото ДНК кој беше сериозно повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, починал утрово во 10 часот, по долго лекување во „Систина“.

Панчо извесно време бил во кома, а за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.

-Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба, соопштија од Основното јавно обвинителсто.

Во пожарот во кочанската дива дискотека „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица и 200 беа повредени. Првично меѓу загинатите беа осум члена на групата ДНК. Загина вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.

Би можело да ве интересира

33. Марш за ангелите: Молкот и одолговлекувањето повеќе не се прифатливи

Одбраната на пазарните инспектори: Се шират неточни информации за случајот „Пулс“

Одбраната тврди: Вработените во Министерството за економија немаат никаква поврзаност со пожарот во „Пулс“ нивната улога била исклучиво административна

Горан Наумовски

Шилегов: Обвинението за „Пулс“ е правно неуредено и базирано на нелогични конструкции

Денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите