Оливера Ливриниќ: Бутел заслужува и женски ракометен клуб

Од:

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, присуствуваше на натпреварот од Првата ракометна лига помеѓу екипите на Алкалоид и Бутел, одигран во салата во Автокоманда.

„Мојата ќерка Елена седум години активно играше ракомет за Металург и за Македонската репрезентација. Во истата оваа сала безброј пати сум била како родител, бодрејќи ја со бројот 55 на грбот. Вечерва повторно бев тука, но со мојот тим на советници, бодрејќи за нашите момци од Бутел кои одиграа натпревар со големо срце“, изјави Ливриниќ.

Таа додаде дека, доколку ја добие довербата на граѓаните, во нејзиниот мандат како градоначалник ќе се заложи Бутел да добие и женски ракометен клуб.

„Ракометот е дел од нашата спортска традиција, а младите девојки во Бутел заслужуваат простор да го следат својот спортски сон. Ќе се борам да ја реализирам оваа идеја, затоа што спортот не познава род — тој создава заедништво, дисциплина и дух на победа“, нагласи Ливриниќ.

Би можело да ве интересира

Оливера Ливриниќ: Радишани добива нови инвестиции, нов парк и подобра инфраструктура

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски